Sunday, May 31, 2015

ЕКОНОМИЈА

До седумдесетите години на 19 век, кога патот за Солун минувал преку Свети Николе, тоа било едно од значајните економски места од левата страна на реката Вардар. Пуштањето во сообраќај на вардарската железница во 1873 година неповолно се одразило на Свети Николе, а оваа промена уште повеќе се почуствувала во 1888 година кога вардарската железница е споена со моравската.
Денес населението претежно се занимава со земјоделство, а од индустријата застапени се прехранбената, текстилната и индустријата за градежни материјали. Од прехранбената индустрија застапени се месната индустрија (МИК Свети Николе), индустријата за конзервирање на зеленчук и овошје, пекарската, млечната индустрија, индустријата за дехидриран зеленчук, индустрија за ферментација на тутун и индустрија за сточна храна, со што процесот на земјоделско производство целосно е заокружен. Од земјоделските култури најзастапени се: житните култури, индустриските, раноградинарските култури и виновата лоза, а од сточниот фонд: овчарството, говедарството, свињарството,живинарството и пчеларството.


КУЛТУРНИ И ПРИРОДНИ ЗНАМЕНИТОСТИ
Културните активности се реализираат преку две општински институции:
  • Дом на култура „Крсте Мисирков“ - Свети Николе и
  • Народен музеј - Свети Николе.
Тие даваат белег на културното живеење во општината и пошироко. Домот на културата како центар на културата во градот и општината дава печат на современото културно живеење со своите разновидни и квалитетни културни содржини. Општината Свети Николе отсекогаш имала богата културна и особено фолкорна традиција. Богатата овчеполска фолклорна традиција истовремено претставува еден од фундаментите на богатото македонско народно творештво, кое со своите автентични вредности има светско значење.
Во зачувувањето и негувањето на изворните фолклорни дејности најголем придонес имаат 40 културно уметничките друштва кои работеле и работат на територијата на општината. Посебно се издвојува фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“, кој работи во составот на Домот на културата. Овој ансамбл, фолклорните вредности на овој крај ги претставува во континуитет повеќе од 40 години на разни фестивали во Македонија и надвор. Исто така позната е и фолк групата Слатка Тајна,која е позната низ Македонија по бројните настапи на телевизиите и фестивалите во државата ,но и надвор од неа.Групата досега има издадено еден албум,а од бројните сингл нумери се издвојува песната за родниот крај Овчеполие.

No comments:

Post a Comment