Sunday, May 31, 2015

СВЕТИ НИКОЛЕ

Општина Свети Николе се наоѓа во централно-источниот дел на Република Македонија, во плодната котлина Овче Поле која има голема плодност и земјоделско-економска важност и посебни културно-етнографски карактеристики. Општината зафаќа површина од 480 км2 и според тоа се вбројува во најголемите општини во Републиката, со 33 селски населби. Градоначалник на општината е Зоран Тасев.

ГЕОГРАФИЈА
Општината го зафаќа централниот дел на Република Македонија и се простира меѓу општините Велес, Лозово, Штип, Карбинци, Пробиштип, Кратово, Куманово и Петровец. Нејзината територија се поистоветува со областа Овче Поле.
Овче Поле е котлина која што лежи во сливот на Светиниколска Река, десна притока на Брегалница. Овчеполската котлина се наоѓа на надморска висина од 200 до 400м и е под влијание на континентални и медитерански климатски влијанија. Како средишен дел на котлината се наоѓа градот Свети Николе.
Градот Свети Николе е сместен во средишниот дел на општината и е поврзан со регионални патишта со општините: Куманово во должина од 43км, Штип - 25км и Велес 34км. Со главниот град на Републиката, Скопје, е поврзан преку Куманово во должина од 76км и преку Велес во должина од 86км, а во иднина се планира реализација на патниот правец Свети Николе -Миладиновци, кој значително е пократок околу (околу 52км).
Поголемите населени места со градот се поврзани со асфалтни локални патишта со вкупна должина од 107,95км. На оддалеченост од 10км од градот се наоѓа железничката станица „Овче Поле“, а на 60км од истиот се наоѓа аеродромот Петровец, што значи дека постои добра сообраќајна поврзаност.

No comments:

Post a Comment